Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Civilmedia
Опозицијата и граѓанските здруженија организираа низа протести по трагедијата на 1 ноември, а главното барање беше судските органи да утврдат кривична одговорност и да ги уапсат оние за кои сметаат дека се одговорни за падот на настрешницата.
Во соопштението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад се наведени иницијалите на уапсените кои се осомничени за тешки кривични дела. Novamakedonija