Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Biznisvesti
Дваесет и четиригодишната Ања Радоњиќ, која почина во Клиничкиот центар во Војводина е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад.
Доктор Драган Николиќ, управител на Ургентниот центар КЦВ, во средата изјави дека лекарите постигнале напредок во лекувањето на двете тешко повредени лица, кои беа извлечени од урнатините на Железничката станица во Нови Сад, пренесува РТС. 360stepeni
Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Тој поднесе оставка пет дена по трагедијата што се случи во Нови Сад во која загинаа 15 лица. Kajgana
Според РТС, меѓу 11-те уапсени се Горан Весиќ, Јелена Танасковиќ, Небојша Шурлан и Анита Димоски.
Во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад претходно беа сослушани 66 лица, а распит чекаат уште пет лица. Sitel