Поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој е еден од приведените поради несреќата во Нови Сад, утринава од притвор е префрлен на лекување во Инситутот во Сремска Каменица, откако неколкудневниот штрајк со глад му предизвикал нагло влошување во здравствената состојба. 360stepeni
По преглед од страна на специјалист, со одобрение на судијата за претходна постапка, поранешниот министер е задржан на Oдделението за коронарна интензивна нега.
Весиќ е во притвор со уште 11 лица поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад во која по пад на натстрешницата загинаа 15 лица, а две други се тешко повредени. A1on
Поради нагло влошување на здравствената состојба по шестдневен штрајк со глад, Горан Весиќ -, екс српскиот министер за градежништво е префрлен во болница, пишуваат српските медиуми.
Со возило на Итна медицинска помош е испратен на понатамошна нега во Заводот во Сремска Каменица. Fokus