Поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој е еден од приведените поради несреќата во Нови Сад, утринава од притвор е префрлен на лекување во Институтот во Сремска Каменица, откако неколкудневниот штрајк со глад му предизвикал нагло влошување во здравствената состојба. A1on
Здравствената состојба на министерот во оставка Горан Весиќ се влошила и тој, од Окружниот затвор во Нови Сад, е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, потврди неговиот брат Зоран Весиќ и изјави дека во моментов нема информации за состојбата на неговиот брат, кому, како што изјави, со наредбата за притвор практично му е потпишана смртна казна, бидејќи се работи за хроничен кардиоваскуларен пациент. Faktor