Поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој е еден од приведените поради несреќата во Нови Сад, утринава од притвор е префрлен на лекување во Институтот во Сремска Каменица, откако неколкудневниот штрајк со глад му предизвикал нагло влошување во здравствената состојба. A1on
Владата на Србија во петокот на 22 ноември му го одзела имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, по што му е одреден притвор, потврдиле за Танјуг во Владата. Kanal5
Доскорашниот министер за транспорт, инфраструктура и градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој беше еден од приведените за случајот на железничката во Нови Сад, почнал штрајк со глад, откако му беше одреден притвор. Mk
Здравствената состојба на министерот во оставка Горан Весиќ се влошила и тој, од Окружниот затвор во Нови Сад, е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, потврди неговиот брат Зоран Весиќ и изјави дека во моментов нема информации за состојбата на неговиот брат, кому, како што изјави, со наредбата за притвор практично му е потпишана смртна казна, бидејќи се работи за хроничен кардиоваскуларен пациент. Faktor