Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека студентските протести во неговата земја всушност не се студентски протести и дека имаат поддршка од надвор, а една од причините зошто се случиле е неговото противење на усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница во ОН. Српската напредна партија синоќа во Сава центарот во Белград одржа трибина „Иднина, а не минато“, која беше најавена како „дел од пошироката иницијатива за дијалог со младите“.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва говорејќи за протестите на опозицијата рече дека светските моќници сега треба да ја завршат валканата работа кај нас од три причини – затоа што сакаат да ја завршат работата на КиМ што поскоро, не можат да поднесат Србија да биде водечка сила во регионот, како и затоа што тој и Србија се спротивставија на гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН, објави Телеграф.