Се гласаше на нешто повеќе од 6.500 избирачки места, а право на глас имаа 3.762.224 гласачи.
Од независноста на Хрватска, Фрањо Туѓман и Стјепан Месиќ беа претседатели во два мандата. Libertas
Актуелниот претседател на Хрватска и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во првиот круг од претседателските избори одржани денеска, со освоени 51,48 отсто од гласовите, покажуваат првите објавени неофицијални резултати од излезните анкети по затворањето на гласачките места во 19 часот. Fokus
Актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, победи во сите хрватски жупании, а најмногу гласови доби во Истра, Меѓумурје и Вараждин, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, победи само во странство, покажуваат вечерва објавените резултати на хрватската Државна изборна комисија (ДИК). Според последните податоци, врз основа на речиси 99 отсто обработени избирачки места, Милановиќ убедливо води, но падна под 50 отсто од гласовите. Sitel
Актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој според излезните анкети победува во првиот изборен круг со повеќе од 51 отсто поддршка, им се заблагодари на гласачите на социјалната мрежа Фејсбук. A1on
Актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој според излезните анкети победува во првиот изборен круг со повеќе од 50 отсто поддршка, им се заблагодари на гласачите на социјалната мрежа Фејсбук.
„Ви благодариме на сите за поддршката“, напиша Милановиќ. A1on
Бранка Лозо доби 2,41 отсто од гласовите, а кандидатот Нико Токиќ Картело 0,88 отсто од гласовите.
Зоран Милановиќ и Драган Приморац влегуваат во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 12 јануари. 360stepeni
ДИК ги објави првичните резултати од хрватските избори: Милановиќ малку над 50 отсто, Приморац значително заостанува - 20,33 отсто.
Државната изборна комисија (ДИК) на Хрватска вечерва ги објави првите неофицијални резултати од обработени над 50 отсто од избирачките места, кои покажуваат дека актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, освоил 50,11 отсто, а кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Драган Приморац 20,33 отсто од гласовите. Kanal5
Актуелниот претседател и кандидат на опозициските социјалдемократи Зоран Милановиќ за неколку илјади гласови не победи во првиот круг од претседателските избори во Хрватска. Fokus
Излезните анкети велат дека Милановиќ има 51,5 отсто, додека Приморац освоил на 21.3 отсто од гласовите. A1on
Според последните податоци на хрватската Државна изборна комисија (ДИК), врз основа на обработени над 90 проценти од избирачките места, актуелниот претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, се уште води убедливо, но падна под 50 отсто од гласовите, што значи дека Хрватска сепак се приближува до вториот круг од претседателските избори.
Милановиќ во моментов има 49,43 отсто од гласовите, а кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, е далеку зад него со 20,05 отсто. Libertas
Од утре има нова игра, нови две недели.
Веруваме во победнички резултат за две недели. Kanal5
Според излезните анкети, актуелниот претседател и кандидат на SDP и коалицијата Зоран Милановиќ победува во првиот круг и добива уште еден претседателски мандат со 51,48 отсто од гласовите, додека кандидатот на владејачката HDZ и коалицијата Драган Приморац освои 19,29 отсто од гласовите. Netpress
Хрватска за која се залагам – која ќе има обединувачки претседател, каде што луѓето живеат подобро – тоа е Хрватска за која зборувам и таква Хрватска мора да се случи.
Им благодарам на сите кандидати, на моите конкуренти. A1on
Шефот на ХДЗ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа зборуваше во изборниот штаб на претседателскиот кандидат Драган Приморац, но не од говорницата, тврдејќи дека разликата од 30 проценти во поддршката во корист на актуелниот претседател Зоран Милановиќ не е непремостлива. Libertas
Ова се осми претседателски избори во Хрватска по прогласувањето на независноста.
Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека убедливо води актуелниот претседател и кандидат на СДП Зоран Милановиќ со 39,3 отсто поддршка, а по него е кандидатот на ХДЗ Драган Приморац со 24,3 отсто. Fokus