Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа во Ватикан пред погребот на папата Франциск – нивната прва средба лице в лице од острата пресметка во Овалната соба во февруари, објави Би-би-си. Двајцата беа фотографирани како дискутираат, неколку минути пред почетокот на погребот на покојниот папа.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски средбата во Ватикан со американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како историска, ако се постигне завршување на војната со Русија.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го напушти Рим по завршувањето на погребната церемонија на папата Франциск и кратката средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави Си-Ен-Ен. Средбата Трамп-Зеленски во базиликата „Свети Петар“ беше првата средба по нивниот разговор во Белата куќа, кога американскиот претседател се обиде да изврши притисок врз Украина да склучи мировен договор со Русија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски средбата во Ватикан со американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како историска, ако се постигне завршување на војната со Русија.