Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поле, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скандерај, како и илегалната пошта и даночната канцеларија.
„Со заедничка акција на МПБ и ПК, како и МИНТ и МАПЛ, се завршува ерата на српските општини и паралелните криминални институции во Република Косово“, напиша Свечља на Фејсбук. Novamakedonija
Порталот на српски јазик „Косово онлајн“ тврди дека косовската полиција (КП) вршела рација во поштенските и општинските згради без судски налог и дека полициските инспектори не им кажале на вработените по чија усна наредба ја спроведуваат акцијата.
Главниот преговарач на Белград со Приштина и директор на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, реагирајќи на акцијата на КП, го прекина и го напушти денешниот состанок во Брисел под покровителство на ЕУ требаше да се разговара за продолжување на дијалогот за нормализација на односите за решавање на проблемот со исчезнатите лица. A1on