Тасулас, кусо откако грчкиот премиер ја соопшти неговата одлука за претседател на државата, рече дека сега збор има Парламентот.
Со оглед на тоа што веќе влеговме во упорно турбулентни и неизвесни времиња, а ова го гледаме и блиску до нас и пошироко во светот, зачувувањето на нашето национално единство и хармоничното функционирање на овластувањата на државата стануваат уште повредни предуслови за стабилноста и за просперитетот на нашата земја, порача Тасулас. Biznisvesti
Се сретна со тогашниот претседател на македонското Собрание, ја поддржува ЕУ перспективата на регионот, порачуваше дека Договорот од Преспа мора да се почитува, но и сметаше дека ратификација на меморандумите не е итна, МИА анализира, кој е кандидатот за претседател на Грција Константинос Тасулас, кој за помалку од два месеци се очекува да ја преземе функцијата шеф на државата и какви беа неговите ставови во однос на нашата земја. Nezavisen