Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос повторно беа регистрирани низа земјотреси, од кои четири со јачина од над четири степени, додека во текот на денот ќе се одржи нов состанок со учество на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за процена на ситуацијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Повеќе од 200 земјотреси се регистрирани во областа околу грчкиот остров Санторини во изминатите 48 часа.
Училиштата остануваат затворени, а обезбедени се дополнителни летови за да им се овозможи на луѓето да го напуштат грчкиот остров Санторини денеска бидејќи десетици земјотреси го потресуваат популарното одморалиште четврти ден.