Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканез трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море.
Сеизмичката бура која го тресе Санторини во изминатите денови продолжи и во текот на ноќта.
Земјотрес со јачина од пет степени беше регистриран кусо по 15 часот по локално време во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите три дена, а за девет часа биле регистрирани над 50 потреси, јави дописничката на МИА од Атина.
Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.