Серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, меѓутоа со помал број потреси од над четири степени според Рихтер, иако утрово беа регистрирани два последователни со јачина од 4,2 и 4,8 степени, додека денеска островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Sitel
Во период од 12 часа, односно од полноќ до точно напладне состојбата беше значително помирна во споредба со изминатите денови, со само два земјотреси од над четири степени, односно 4,1 претпладнево и еден со иста јачина кусо пред 3.30 часот.
Грчкиот премиер во неговиот седмичен преглед на настани што секоја недела го објавува на Фејсбук, денеска се осврна и на земјотресите на Санторини. Sitel