1 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Feb 15:51 -> 11-Feb 21:30
.
.
.
.

Кој е законскиот начин за разрешување на државен обвинител: Собрание го разрешува по предлог на влада, но по мислење на Совет на јавни обвинители

  • Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител

  • Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон

Владата соопшти дека отпочнува активности за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, а во законот пишува дека разрешување се покренува по „претходно мислење од Советот на јавните обвинители“.

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во писмена изјава дадена по одлуката на Владата да покрене постапка за негово разрешување вели дека секогаш работел согласно закон.

2 (30) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 11-Feb 12:52 -> 11-Feb 16:33
.
.
.
.

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

  • Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините

  • Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани

  • Училиштата се под ингеренции на општините и тие одлучуваат за забрана на мобилни телефони

Мобилна апликација која ја разви Министерството за образование и наука им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна основа да го следат образовниот напредок на децата.

Општините се надлежни за училиштата и тие може да донесат одлука за забрана на мобилни телефони за време на наставата, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на прашање дали МОН може да донесе општоважечка одлука и откако родители бараат без телефони за време на часовите да бидат учениците во сите училишта, вклучително и во средните.

Министерството за образование и наука деновиве на училиштата ќе им достави упатство како треба да се постапува во случај на хибридни закани.

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со дилемата дали е потребно да се воведе забрана на ваквите уреди во училиштата, особено по фактот што некои од општините деновиве веќе излегоа со информации дека таквата иницијатива веќе ги дала и првите позитивни резултати.

10 (6) ■ вести > свет ■ 11-Feb 17:57 -> 11-Feb 19:29
.
.
.
.

Доколку седнат на преговарачка маса, Зеленски планира да ѝ понуди на Русија едноставна размена на територии

  • Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: украински области заземени од Русија во замена за Курск

Ако американскиот претседател Донал Трамп успее да ги доведе Украина и Русија на преговарачка маса, украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да ѝ понуди на Русија едноставна размена на територии, откажувајќи се од земјиштето што Киев го држеше во руската област Курск од почетокот на ненадејната офанзива пред шест месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија.

11 (36) ■ вести > свет ■ 09-Feb 09:59 -> 11-Feb 21:22
.
.
.
.

Нетанјаху се закани со прекин на примирјето ако до сабота не бидат ослободени израелските заложници

  • Хамас соопшти дека го одложува следното ослободување на заложници

  • Кац: Најавата на Хамас за запирање на ослободувањето на заложниците го прекршува договорот за прекин на огнот

  • Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека примирјето во Газа ќе заврши ако Хамас не ги ослободи заложниците до сабота напладне.

Хамас денеска соопшти дека на неодредено време го одложува ослободувањето на следната група израелски заложници кои се држат во Газа, тврдејќи дека Израел не ги почитувал условите од нивниот договор за прекин на огнот.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека најавата на Хамас дека ќе запре со ослободувањето на заложниците е кршење на договорот за прекин на огнот во Газа.

Но, тој предупреди дека „ќе биде пекол“ ако преостанатите заложници не бидат ослободени, додавајќи дека стравува дека многумина се мртви.

12 (11) ■ вести > македонија ■ 11-Feb 14:54 -> 11-Feb 16:19
.
.
.
.

Се боцкаат сами со филери од „Али експрес“: Се бараат законски измени за заштита на пациентите!

  • Лекарите бараат измени на Законот за јавно здравје за точно да се знае кој може да извршува естетски медицински интервенции

Здружението за естетска медицина (ЗЕМ) предложи измени во Законот за јавно здравје, со цел да се ограничат можностите за извршување естетски медицински процедури од лица без соодветна медицинска квалификација.

Здружение на дерматовенеролози на Мaкедонија, Македонската асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи и Здружение за естетска медицина бараат измена и дополнување на Законот за јавно здравје за да се ограничи можноста за извршување на естетски медицински интервенции од лица кои немаат медицинска квалификација, со што ќе се зајакнат стандардите за безбедност и квалитет во оваа област.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

31 (11) ■ бизнис > македонија ■ 11-Feb 11:30 -> 11-Feb 16:05
.
.
.
.

Стипендии за тројца македонски олимпијци – донација на „Sport Life“

  • Потпишан договор за стипендирање на тројца македонски олимпијци

„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). , се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15000 денари.

„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). Маратонецот Дарио Ивановски, тaеквондистката Милјана Релјиќ и пливачот Никола Ѓуретановиќ, се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15000 денари.

59 (6) ■ сцена > култура ■ 11-Feb 07:15 -> 11-Feb 15:20
.
.
.
.

„ Приказничар“, „ Посвети и пофалби“, „ Бакнежи на небото“, „ Книжевни паметници“ и „ Беше еднаш една куќа“ се наградени книги на конкурсот на ДПМ за најдобри дела минатата година

  • ДПМ ќе објави членови на жири-комисии и добитници на пет годишни награди

„ Приказничар“, „ Посвети и пофалби“, „ Бакнежи на небото“, „ Книжевни паметници“ и „ Беше еднаш една куќа“ се наградени книги на конкурсот на ДПМ за најдобри дела минатата година Друштвото на писатели на Македонија ги соопшти добитниците на наградите за најдобри книги во минатата година.

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска на прес-конференција ќе ги соопшти членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди за 2024 година, како и петмината добитници на наградите.

74 (4) ■ сцена > култура ■ 11-Feb 13:20 -> 11-Feb 16:59
.
.
.
.

Проектот „Страда бруталисима“ ќе не претстави на 19. Биенале на архитектурата во Венеција

  • Со бруталистичката архитектура на Скопје на Биеналето во Венеција

Проектот „Страда бруталисима“ на авторите д-р Благоја Бајковски, д-р Ана Рафаиловска, м-р Невенка Манчева Аџиевска и м-р Марија Антиќ Николовска, во организација на Националната галерија ќе ја претставува нашата држава на 19-тата Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција што ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.

Проектот „Страда бруталисима“ на авторите д-р Благоја Бајковски, д-р Ана Рафаиловска, м-р Невенка Манчева Аџиевска и м-р Марија Антиќ Николовска, во организација на Националната галерија ќе ја претставува нашата држава на 19-тата Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција што ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.