Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а неколку минути претходно имаше помал земјотрес од 4,2 степени, додека во текот на ноќта беа регистрирани два нови потреси од 4,2 и 4,5 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина.
Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе останат затворени следнава седмица, информираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата неделна објава на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина.