Полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград го уапсила М.Т. под сомнение дека се заканувал на претседателот на Србија и на други српски политичари, дознава Телеграф.рс. М.Т. е осомничен дека преку социјалните мрежи упатувал застрашувачки закани до претседателот, како и до претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.
Протестот во Крагуевац под слоганот „Да се сретнеме на Сретение“, на кој го повикаа српските студенти, влезе во шестиот час, а колони луѓе од повеќе правци се уште пристигнуваат во градот, јави Бета.
Во Србија, опозиционерот Младен Тањга објави стихови во кои директно му се заканува на семејството на претседателот Александар Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека протестите во изминатите три месеци донеле големи и сериозни проблеми за српската економија и нагласи дека за него многу поважно од прашањето дали се поделени како општество или не, е како ќе ги зачуваат работните места.