1 (14) ■ вести > свет ■ 19-Feb 02:18 -> 20-Feb 23:27
.
.
.
.

Макрон ќе му каже на Трамп дека не може да биде слаб пред Путин

  • Макрон оди во Вашингтон на средба со Трамп

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе му каже на својот американски колега Доналд Трамп дека „не може да биде слаб“ пред Владимир Путин и дека неговиот „стратешки интерес е ист како и европскиот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потврди дека неговиот француски колега Емануел Макрон ќе пристигне во Вашингтон, „можеби во понеделник“, поради несогласувањата околу решавањето на конфликтот во Украина.

2 (9) ■ спорт ■ 20-Feb 22:20 -> 20-Feb 23:30
.
.

Динамо удри во ѕидот на Никуч, Пелистер остана „жив“ во ЛШ!

  • ВИДЕО: Едноставно херој – Интервенцијата на Митревски во последната секунда за победа на Пелистер!

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер продолжи со насапите во Лигата на шампионите и се соочи со романски Динамо Букурешт со кого одигра победнички во Битола, во меч кој заврши со резултат 25-24 (12-13). Јунак на средбата беше голманот Никола Митревски, кој го фати последниот напад на Динамо Букурешт и ја заврши средбата со 16 одбрани и воедно ги остави пелистерци во игра за плеј-оф. Распоредот не им оди во прилог на битолчани, ги чекаат мечеви со Фуксе Берлин и ПСЖ, но сонот се уште живее...

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е херојот на Пелистер во денешната победа од 25-24 против Динамо Букурешт во 12. коло од Лигата на шампионите.

3 (91) ■ вести > свет ■ 19-Feb 06:18 -> 20-Feb 22:21
.
.
.
.

Венс го предупреди Зеленски да не го критикува јавно Трамп

  • Онлајн „судири„ меѓу американските и украинските власти

  • Зеленски: Украина очекува единство од Западот, а Трамп шири руски дезинформации

  • Си-Ен-Ен: Трамп и задава нов удар на Украина, му дава нов поттик на Путин

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го критикува јавно претседателот на САД, Доналд Трамп, зашто, како што вели, таквите забелешки се контрапродуктивни и потенцијално би им наштетиле на односите Киев-Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор без избори“, откако тој оцени дека Трамп бил под влијание на руски дезинформации во неговите напори да стави крај на руско-украинската војна, но под услови за кои Киев вели дека се премногу поволни за Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си. – Не е лесно, но Киев работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своите најнови изјави даде најнепријателски коментари за Украина досега, нанесувајќи и нов удар на земјата и нов поттик на рускиот претседател Владимир Путин, оценува Си-Ен-Ен. Откако го исклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски од првите разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната, одржани во Ријад во вторникот, Трамп ја обвини Украина за започнување на конфликт што ја опустоши нејзината земја и уби илјадници нејзини луѓе, објави американската телевизија.

5 (10) ■ вести > македонија ■ 20-Feb 17:34 -> 20-Feb 22:46
.
.
.
.

Прекршочна постапка за 4 ланци маркети, се договарале за цените

  • Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе прекршочна постапка за ланци маркети кои се договарале за цени

Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите надлежности пропишани во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи изврши ненајавен увид во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која се здружени истите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите надлежности пропишани во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи изврши ненајавен увид во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која се здружени истите.

6 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Feb 12:01 -> 20-Feb 16:53
.
.
.
.

Меџити: Нема преговори во однос на химната и грбот, но нема ни табу теми

  • Меџити: Химната може да биде само со музика без текст

  • Меџити: Нема преговори за химната и државниот грб, имаме поважни теми

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.

Првиот вицепремиер Изет Меџити во емисијата „Дијалог во Лајм“ рече дека темата за промена на државниот грб не била дел од договорот за владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и не е приоритетна тема за Владата.

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека во фокус им е владината програма каде што има утврдени столбови и според него нема преговори за химната и државниот грб.

7 (14) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Feb 15:48 -> 20-Feb 21:22
.
.
.
.

Јаневска: Се зголемуваат платите на наставниците за 7 проценти од март

  • Работна средба меѓу МОН и СОНК за нов колективен договор за вработените во основните и средните училишта

Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, како што и се договоривме, тие во март годинаваќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, која е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, а во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.

Новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта, беше тема на разговор на денешната работна средба во просториите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) меѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК Јаким Неделков.

9 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Feb 18:59 -> 20-Feb 22:34
.
.
.
.

Мицкоски од Вашингтон: Остануваме посветени на заштитата на националните интереси и идентитет

  • Мицкоски ќе има обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ. – На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет.

Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.

12 (5) ■ вести > македонија ■ 20-Feb 20:38 -> 20-Feb 23:26
.
.
.
.

МИЦКОСКИ СЕ ОБРАТИ ВО АТЛАНТСКИОТ СОВЕТ ВО ВАШИНГТОН: Посветени сме на заштитата на националните интереси

  • Мицкоски: Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет

Премиерот на Реоублика Македонија, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање во Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ. -На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека, и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет.

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил во објава вели дека на на разговорот во Атлантскиот совет истакнал дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет.

14 (8) ■ вести > свет > русија ■ 19-Feb 02:30 -> 20-Feb 22:01
.
.
.
.

Унгарија се противи на новиот европски пакет помош за Украина

  • Сијарто: Унгарија нема да поддржи продолжување на санкциите против руски и белоруски поединци

Унгарија се противи на новиот пакет помош од 20 милијарди евра на Европската унија за Украина, објави во четвртокот унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на платформата Х. Иницијативата на шефицата на европската надворешна политика Каја Калас е насочена кон зајакнување на позицијата на Киев во преговорите, наместо да се стави крај на војната, посочува шефот на унгарската дипломатија.

Унгарија нема да гласа за продолжување на сегашните санкции против руски и белоруски поединци на претстојниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

160 (5) ■ бизнис > македонија ■ 19-Feb 14:10 -> 19-Feb 15:05
.
.
.
.

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

  • 4iG ГИ ЗАЈАКНУВА ВРСКИТЕ СО ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ФИРМИ Чекор кон подлабока соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената

Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената.

Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената.

176 (5) ■ бизнис > балкан > регион ■ 19-Feb 09:31 -> 19-Feb 10:18
.
.
.
.

Грчки медиуми: Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Северна Македонија

  • ГРЦИЈА ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО МАКЕДОНИЈА Ќе биде готов идната пролет

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

105 (9) ■ сцена > култура ■ 19-Feb 07:30 -> 19-Feb 16:24
.
.
.
.

Со Пласидо Доминго докажуваме дека сме на светската културна мапа, вели Оливер Арсовски од НОБ

  • Пласидо Доминго, еден од најголемите тенори на денешницата, на 14 март во Скопје

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго (83) , за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“, во организација на Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет . Неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, достигнување кое не го направил ниту еден друг артист, со над 4,400 настапи, а потврда за неговиот уметнички статус е фактот што тој е почитуван диригент со повеќе од 600 настапи.

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго на 14 март 2025 година ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“.