Во Министерството за внатрешни работи во тек е средба на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со министерот Панче Тошковски.
Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани од пред Собрание се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде се очекува да имаат и средба со министерот Панче Тошковски.
Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа што, според оваа партија, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати пред матурантите на средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје.