Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Погребот на Саша Поповиќ ќе се случи во 14 часот и 30 минути на Бежанијските гробишта, каде семејството, пријателите и бројните соработници, меѓу кои и голем број јавни личности, ќе го придружуваат најголемиот шоубиз магионичар до неговото последно почивалиште.
Во Сава Центар во 11 часот се одржува комеморација на која говорат неговите блиски и соработници во чест на неговиот лик и дело.
На вечното почивање Поповиќ ќе биде испратен од хор, а на погребот ќе служат повеќе свештеници.
Пријатели и соработници ќе одржат говор во негова чест. Press24
На гробиштата Нова Бежанија во Белград се одржува погребот на основачот и креативен директор на Гранд продукција, Александар Саша Поповиќ. Kanal5
Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.
Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Plusinfo
Погребот ќе се изврши во четврток во 14 часот и 30 минути на гробиштата Нови Бежаниј во Белград.
Сочувство ќе се одржи од 12:00 часот во црквата Свети апостол Тома на гробиштата Нова Бежанија. Plusinfo
Семејството Поповиќ“, напишала накратко Сузана.
Со истите зборови на социјалните мрежи се огласи и ќерката на Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ, Александра, исто така во име на целото семејство. Plusinfo
Саша Поповиќ, познат српски музички продуцент и директор на „Гранд продукција“, беше познат по својата страст кон луксузни автомобили и недвижности. Biznisvesti
Потоа на видео екранот беше пуштен филм за животот на шоуменот, придружен со последната песна што ја компонирал.
На комеморацијата во Сава центарот дојдоа бројни познати личности, меѓу кои: Лепа Брена, Боба Живојиновиќ, Александра Пријовиќ, Марија Шерифовиќ, Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ, Лепа Лукиќ, Дејан Матиќ, Драгана Катиќ, Вики Миљковиќ и други. Press24
Ферари: Поповиќ беше забележан како пристигнува во студиото на „Гранд“ со Ферари, привлекувајќи внимание со овој луксузен автомобил.
Покрај овие, неговата колекција вклучуваше и други скапи автомобили, одразувајќи ја неговата страст кон луксузните возила. Biznisvesti
Во инциденти што синоќа се случија во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа кај Темпи, приведени биле 30 лица, од кои седум се уапсени, повредени биле тројца полицајци, како што соопштија од грчката полиција, додека според информациите на дописничката на МИА од Атина, полесно повредени беа и двајца демонстранти.
Со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, организаторите на денешниот протест за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.
Расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата доставено од пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, што започна синоќа, продолжува и денеска, а гласањето ќе се одржи утревечер, најдоцна до полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.
Пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода попладнево до Парламентот на Грција доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада поради железничката несреќа, а расправата ќе започне вечерва во 19 часот, додека гласањето ќе се одржи во петок јави дописничката на МИА од Атина.
Двегодишната Дуња Марковиќ е пронајдена откако исчезна во понеделникот попладне додека со своите браќа и сестри си играла пред семејната куќа во Уб. Во потрагата по девојчето учествуваше цела Србија, а синоќа по третпат беше активиран системот „Најди ме“.
Исчезнувањето на двегодишното девојче Дуња Марковиќ кое рано утрово беше пронајдено премрзнато било снимено од надзорна камера на соседите.
Дуња Марковиќ (2), девојчето кое вчера исчезна во српскиот град Уб е пронајдена утринава во тешка состојба, со премрзнатини, но благодарение на навремената интервенција на Планинарската спасувачка служба се очекува добро да закрепне.
Санела С. и нејзината ќерка Марија.С. Тие изгореа синоќа во пожар што избувнал во нивниот автомобил по сообраќајна несреќа.
Тешка сообраќајна несреќа со две жртви се случила синоќа во Србија.
Парламентот мора да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и мора целосно да ја одигра таквата своја улога, па затоа многу сме загрижени поради нарушувањето на работата на Собранието на Србија и насилството во него, се наведува во денешното соопштение на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во врска со вчерашните случувања во српскиот законодавен дом.