Пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода попладнево до Парламентот на Грција доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада поради железничката несреќа, а расправата ќе започне вечерва во 19 часот, додека гласањето ќе се одржи во петок јави дописничката на МИА од Атина. Press24
Гласањето е на крајот од тридневната расправа што започна во средата, а засега, не се очекува предлогот да биде изгласан, со оглед на тоа што пратеничката група на владејачката Нова демократија има мнозинство од 156 пратеници, од вкупно 300 во Парламентот.
Иницијативата е на ПАСОК, со поддршка од СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, а барањето што е потпишано од 85 пратеници, се фокусира на железничката несреќа кај Темпи и безбедноста на транспортот, но се осврнува и на владеењето на правото, скандалот со прислушувањата и поскапувањата на цените. Sitel