Судскиот совет утре ќе одржи седница, на ист ден кога во Собранието е закажана седницата за интерпелацијата на 5 члена на Советот, а според претседателот Александар Камбовски во поклопувањето на седниците немало никаква намера.
Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот доцни бидејќи се уште не се спроведени постапките за интегритет и психолошкиот тест, порача денеска претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.