Расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата доставено од пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, што започна синоќа, продолжува и денеска, а гласањето ќе се одржи утревечер, најдоцна до полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.
Со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, организаторите на денешниот протест за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.
Во инциденти што синоќа се случија во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа кај Темпи, приведени биле 30 лица, од кои седум се уапсени, повредени биле тројца полицајци, како што соопштија од грчката полиција, додека според информациите на дописничката на МИА од Атина, полесно повредени беа и двајца демонстранти.
Пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода попладнево до Парламентот на Грција доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада поради железничката несреќа, а расправата ќе започне вечерва во 19 часот, додека гласањето ќе се одржи во петок јави дописничката на МИА од Атина.