Здружението за загрозени народи, невладина организација со седиште во Германија, која се залага за човекови права во светот, апелираше до земјите-членки на ЕУ, НАТО алијансата и Советот за имплементација на мирот во Босна и Херцеговина (ССМ), повикувајќи ги „да го спречат избувнувањето на нова војна во Босна и Херцеговина“, јавуваат српските медиуми, пренесе ЦИВИЛ Медиа.
На предлог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, Судот на Босна и Херцеговина во Сараево му одреди едномесечен притвор на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на тој ентитет, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, потврдија од Одделот за информации на Судот на БиХ за „Ал Џазира“.