Односите меѓу Владата и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и тие со администрацијата во американската Амбасада тука се на ултра високо ниво, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес- конференцијата по извршениот увид на градежни активности во Ѓорче Петров.
Скандал до скандал во Владата на Мицкоски.
Вчера беше откриена шокантна вест: на министерот за социјална политика, демографија и млади при Владата на Северна Македонија, Фатмир Лимани, му е одбиена визата за Соединетите Американски Држави, поради што е принуден да ја откаже официјалната посета на ОН, Њујорк.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани му е одбиено барањето од САД за американска виза, а при тоа се повика на објаснување од страна на амбасадорката Анџела Агелер.