Односите меѓу Владата и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и тие со администрацијата во американската Амбасада тука се на ултра високо ниво, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес- конференцијата по извршениот увид на градежни активности во Ѓорче Петров.
Скандал до скандал во Владата на Мицкоски.
Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет – посочи денеска амбасадорката на САД Анџела Агелер во Центарот за обука на МВР во Идризово на свеченоста по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ). Во одговор на новинарско прашање во врска со тоа како ги коментира изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, Агелер нагласи дека не може да ги коментира, но, како што рече, најважно од сѐ е процесот да се следи на јасен и транспарентен начин.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани му е одбиено барањето од САД за американска виза, а при тоа се повика на објаснување од страна на амбасадорката Анџела Агелер.