Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на железничката станица во Нови Сад. Libertas
Денови претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек за кој српската полиција соопшти утрово дека имало околу 31.000 луѓе.
Граѓани на Белград до доцна синоќа беа на улиците во центарот на градот каде ги пречекуваа илјадниците студенти кои се собраат во Белград за митингот планиран денеска и кој како што велат студентите во блокада – ќе биде најголемиот во историјата на Србија. Denesen
Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад.
Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад. Biznisvesti
Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.
Десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците во главниот град на Србија, Белград за да ги поздрават колоните студенти кои се собираат од речиси цела држава за големиот антивладин митинг денеска, јави МИА од Белград. Civilmedia
Илјадници лица пристигнаа од внатрешноста на Србија и пешки од сите населби и предградија на Белград на антивладините демонстрации во центарот на главниот град, откако владата се обиде да го попречи протестот со откажување на поаѓање на возови и автобуси и отежнување на патниот сообраќај со ненадејни работи. Mk
Вучиќ и неговата Српска напредна странка, се исфрлени од рамнотежа од студентските протести, движење без лидери кое бара коренити реформи во општеството.
Демонстрантите бараат одговорност за катастрофата во Нови Сад, како и транспарентни институции, засновани на владеење на правото. Libertas
Неколку часа пред протестот улиците на центарот на Белград беа преполни со луѓе, а од целиот град пристигнуваат нови групи демонстранти со национални знамиња и со транспаренти, заедно со вревата што ја прават со свирежите.
Граѓаните од цела Србија утринава се упатија кон Белград на покана на студентите да учествуваат на големиот митинг „15 за 15“, антивладин протест на кој се бара одговорност за смртта на 15 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција и без политички притисок и влијание на институциите. Plusinfo
Мисијата на Европската унија во Србија соопшти дека „слободата на собирање е основно право“ и дека безбедноста на учесниците и институциите мора да се зачува.
Локалните медиуми јавија за актвирање забрана на полицијата да пушти во Србија неколкуминановинари од Хрватска и од Словенија. Biznisvesti