Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничени.
Поради потребата од преземање повеќе дејствија за пожарот во дискотеката во Кочани од кои дел во Основното јавно обвинителство Штип, обвинителскиот тим е проширен и е вклучен уште еден, шести јавен обвинител од штипското Oбвинителство, информираат од Јавното обвинителство.
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека одговорноста на осомничените лица ќе се утврдува врз основа на доказите обезбедени во истрагата.
Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија, Крешник Бектеши.