На предлог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, Судот на Босна и Херцеговина во Сараево му одреди едномесечен притвор на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на тој ентитет, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, потврдија од Одделот за информации на Судот на БиХ за „Ал Џазира“.
Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека овој ентитет на БиХ денеска ќе формира сопствен суд и обвинителство, нагласувајќи дека прв кој ќе биде ообвинет ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.
Претседавачката на ОБСЕ, министерка за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен и генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синириоглу, издадоа соопштение во врска со неколку закони и мерки усвоени од Народното собрание на Република Српска на 27 февруари и кои влегуваат во сила на 6 март, а кои го оспоруваат уставниот поредок на Босна и Херцеговина.