Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил ја сподели радосната вест дека санкциите против НИС се одложени за уште 30 дена.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска за „Фајненшл тајмс“ (ФТ) изјави дека не гледа промена во американската позиција во однос на воведувањето санкции против српската нафтена индустрија и дека доколку санкциите стапат на сила по истекот на рокот во петок, Србија прво ќе ја чека реакцијата на Русија, а потоа ќе реагира.