Во одговорот даден на Радио Слободна Европа од Стејт департментот на 6 јуни, пак, не се коментираа директно тврдењата на „Блумберг“ (Bloomberg). Наместо тоа, оттаму наведоа дека земјите од балканскиот регион се вклучени во контакти како дел од поширока американска стратегија за депортација на странски државјани без регулиран правен статус.„Американските партнери и регионалните лидери тесно соработуваат со нас за да се стави крај на кризата со нелегалната и масовна миграција“, нагласи Стејт департментот.„Државата мора да ги почитува човековите прави на тие лица“Со оглед на недоволните информации за евентуалните можности за депортации, од Здружението „Млади правници“ се резервирани во коментарите нагласувајќи дека сепак првично би требало да разграничи дали би станувало збор за мигранти или бегалци кои бегаат од прогон, како и да се видат договорите што, пред сè, би се постигнале. Puls24