Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со податокот за туризмот во Македонија, соопштен од Државниот завод за статистика, изјави: „Па јас сум исклучително задоволен, бидејќи тоа е исклучително голем и квалитетен податок посебно значаен за услужната и угостителска дејност.
Можам да кажам дека во првите четири месеци туризмот, односно бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% споредено со истиот период од лани, и во април, но и во првите четири месеци. Mk
Се надевам дека ќе успееме, првите параметри се добри.
Во вториот квартал, во првите денови од април е зголемен бројот за 21 процент на странски гости и 20 проценти бројот на ноќевањата. Republika