На денешната седница, пратениците од Демократската партија на Косово, Демократската лига на Косово, Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово - НИСМА не предложија членови на изборната комисија, ниту учествуваа во гласањето, јави Бета.
Собранието на Косово не беше конституирано ниту денес, по 31-ви пат, бидејќи само 47 пратеници повторно гласаа на тајното гласање за избор на претседател на Парламентот.