1 (94) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Feb 09:28 -> 25-Feb 17:50
.
.
.
.

Владата ги отфрли како невистинити наводите на СДСМ и ДУИ за работата на Меџити и МЖСПП

  • Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази

  • Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира, велат од СДСМ

  • Мицкоски до ДУИ: Го знаете мојот број, донесете ги доказите за Меџити, во спротивно предупредувам дека продолжувате со сеење магла

Владата информира дека ги проверила и следствено на тоа ги отфрла како невистинити наводите изнесени од опозициските СДСМ и ДУИ кои се однесуваат на работата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и ресорниот министер Изет Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека има доверба во работењето на Изет Меџити, а им порача на Демократската унија за интеграција (ДУИ) доколку имаат докази за негово незаконско работење да ги достават.

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат, обвини СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика ДУИ, да достават докази до него за корупцијата која тврдат дека ја направил вицепремиерот Изет Меџити.

2 (40) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Feb 10:11 -> 25-Feb 20:22
.
.
.
.

КОЦЕВСКИ НЕМА УШТЕ ДОЛГО ДА РАКОВОДИ СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО Владата го усвои предлогот за разрешување на државниот обвинител

  • Предлогот за разрешување Коцевски помина на Влада: Коцевски направил крупни професионални грешки

  • Мицкоски: Владата ќе ја отпочне постапката за разрешување на јавниот обвинител

  • Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски помина на денешната владина седница.

Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител ќе трае неколку недели, а можеби и месеци, согласно законот, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, информираат од Владата за МИА.

3 (50) ■ вести > свет ■ 24-Feb 07:24 -> 25-Feb 20:10
.
.
.
.

Макрон очекува прекин на огнот во Украина во следните недели

  • Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

  • Макрон: Некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина

  • Трамп најави можни одделни состаноци со Зеленски и Путин

Францускиот претседател, Емануел Макрон, по вчерашната средба со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во наредните недели може да се постигне договор за прекин на огнот меѓу Украина и Русија.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека некои европски земји ќе бидат подготвени да имаат мировни сили во Украина како гаранција за безбедноста по потпишувањето на мировниот договор, иако тие нема да бидат испратени на линијата на фронтот.

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон се на билатерална средба во Белата куќа, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

4 (18) ■ вести > македонија ■ 25-Feb 09:07 -> 25-Feb 20:00
.
.
.
.

Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“

  • Средба на премиерот со претставници на Казанчи Холдинг, за инвестиција од 1 милијарда евра

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција најави мега-инвестиција во гасни централи која би изнесувала близу една милијарда евра од страна на турската групација „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, е еден од најголемите енергетски гиганти во својата област.

Попладнево во владата заврши прес-конференцијата на премиерот Христијан Мицкоски со претставници на Казанчи Холдинг групацијата која изрази интерес за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра.

6 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Feb 18:35 -> 25-Feb 22:00
.
.
.
.

За резолуцијата за Украина застанавме со нашиот стратешки партнер, САД

  • МИЦКОСКИ: Да нема дилема, ние сме усогласени со надворешната и одбранбена политика на ЕУ

Никој не треба да има дилема во нашата усогласеност со надворешната и одбранбена политика со Европската Унија, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање дали со вчерашното коспонзорство на резолуцијата на ОН за Украина на САД, а не на таа на ЕУ, Македонија испраќа сигнал дека не е целосно усогласена со надворешната и одбранбена политика на ЕУ. – Ние застанавме со нашиот стратешки партнер, тоа се САД.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека никој не треба да има дилема во нашата усогласеност со надворешната и одбранбена политика со Европската Унија.

13 (27) ■ вести > свет ■ 24-Feb 07:12 -> 25-Feb 21:45
.
.
.
.

Фон дер Лајен ја поддржа мировната иницијатива на Трамп доколку донесе траен и одржлив мир

  • Фон дер Лајен: Русија мора да одговора за злосторствата што ги направи во Украина

  • Фон дер Лајен од Киев: Во март Украина ќе добие уште 3,5 милијарди евра помош од ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изрази поддршката за иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп, доколку тоа значи постигнување траен мир во Украина, со безбедносни гаранции и под покровителство на Вашингтон.

Посветеност на ЕУ кон Украина е и ќе остане непоколеблива, бидејќи не е во прашање само правото на Украина да постои како слободна нација, туку и иднината на нашиот европски континент, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на заедничката седница на Колеџот на комесари и украинската Влада.

Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев.

15 (21) ■ вести > свет ■ 24-Feb 05:59 -> 25-Feb 14:51
.
.
.
.

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски

  • Украинскиот Парламент не ја изгласа резолуцијата за поддршка на Зеленски

  • Зеленски: Мојот услов за преговори со Путин е размена на сите воени заробеници

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла можноста за одржување избори до крајот на војната.

Украинскиот парламент не успеа да изгласа резолуција со која се потврдува легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски, откако на денешната седница не доби доволно гласови за усвојување таков документ, јави ДПА.

Целосната размена на воени заробеници со Русија би можела да претставува почеток на завршување на војната, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот во Киев каде присуствуваат бројни министри и претставници на ЕУ на тригодишнината од војната во Украина.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија