1 (7) ■ вести > македонија ■ 06-Mar 09:56 -> 06-Mar 10:12
.
.
.
.

Префрлени првите 10,4 милиони евра за бизнисот од унгарскиот заем

  • Димитриеска-Кочоска: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на социјалните мрежи објави дека денес се префрлени првите 10,4 милиони евра од 250-те милиони евра од унгарскиот заем наменети за бизнисот..

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Развојната банка ја префрлило првата транша од 10,4 милиони евра, средства наменети за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем.

2 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Mar 14:42 -> 06-Mar 10:15
.
.
.
.

СДСМ: Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта?

  • СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта а да нема за минимална плата за работниците

  • СДСМ: Мицкоски живее во илузија, економијата страотно пропаѓа

Соопштение на СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети.

Владата на Христијан Мицкоски се луксузира на грбот на народот, изнајмува приватни авиони, нарачува егзотични овошја, додека за работниците, кои едвај врзуваат крај со крај, власта вели дека нема пари, велат од СДСМ.

Опозицската СДСМ денеска преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со растот на БДП во последниот квартал лани.

5 (6) ■ вести > македонија ■ 04-Mar 11:42 -> 06-Mar 10:10
.
.
.
.

ИЈЗ: Данок за засладени пијалоци и ограничување на рекламирањето

  • ИЈЗ: 30.4% од децата на возраст од 6 до 9 години имаат вишок килограми

Институтот за јавно здравје вели дека во Македонија, исто како и на глобално ниво, стапките на дебелина се поттикнати со промените во економијата, зголемената потрошувачка на преработена храна, агресивното рекламирање на храна богата со шеќер, сол, заситени и транс масти, промените во животниот стил на населението во насока на потрошувачко општество и ниски нивоа на физичка активност.

Дебелината претставува глобален предизвик кој ги погодува сите слоеви на општеството, без разлика на полот, возраста, социјалниот статус или населеното место, а земјава, но и светот се соочува со сè поголеми стапки на дебелина, од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Светскиот ден на дебелината.

15 (37) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 05-Mar 07:00 -> 05-Mar 16:36
.
.
.
.

СО УПЛАТНИЦА ВО БАНКА АДВОКАТИТЕ НА ПАЛЕВСКИ САКААТ ДА ПРИКАЖАТ АЛИБИ Дали само преку базни станици може да се утврди каде бил Палчо кога е убиена Вања?

  • Палчо тврди дека бил во банка на денот на убиството на Вања, извршил трансакција во 11.44 часот, но според обвинителатвото девојчето веќе било убиено до 9.30 часот, па доказот нема вредност

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Каде е пиштолот на Боре Видевски?- Палчо бараше одговор од сведок вработен во СВР Велес

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.

На денот на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, обвинетиот Љупчо Палевски тврди дека бил во експозитурата на Халк банка во Буњаковец.

Со изведување на докази од страна на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочеше сведок предложен од првообвинетиот Љупчо Палевски.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

12 (4) ■ бизнис > економија ■ 05-Mar 14:24 -> 06-Mar 10:06
.
.
.
.

Очекуваме зголемување на бројот на патници, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт

  • Курт: Го зголемуваме капацитетот на Охридскиот аеродром, нема прекин на сообраќајот во тек на модернизацијата

Најавени се голем број нови авиокомпании, голем дел од нив ќе летаат на нови дестинации и очекуваме зголемување на бројот на патници веќе од средината на оваа година, вели во видеоинтервју за МИА генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Се очекува за околу еден месец да се стартува со некои од работите предвидени со модернизација на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на планираните активности со проектот нема да биде запрен авиосообраќајот, најавува генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт во видеоинтервју за МИА.

52 (9) ■ бизнис > македонија ■ 05-Mar 12:00 -> 05-Mar 14:43
.
.
.
.

И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

  • Мицкоски: За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата

2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што повторно по глава на жител сме држава со најголем број на странски инвестици во регионот, можеби на некого не му одговара но тоа е факт, и повторно за многу кратко време ја консолидируваме, се консулидираа таа политика и таа политика ќе продолѓи и во годината која што следи бидејќи посебно во последните недели имаме голем бран на компании кои што се заинтересирани да инвестираат овде во Македонија и во слободните ТИРЗ зони но и надвор од нив, и навистина сум пресреќен тие познаа дека ова Влада води пробизнис политика и сака да поддржува отварање на нови работни места, добро платени места, врочем и сега мора да се добро платени работните места бидејќи конкуренцијата на пазарот на труд е немилосредна, но добро е што имаат доверба и оваа година исто очекувам висока бројка, не би сакал сега да лиферувам со бројки но знам дека една инвестиција почнува со работа овој месец, другата почува со работа во Штип во април месец, во мај ставаме камен темелник, во јуни повторно камен темелник.

За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата, растот на БДП во четвртиот квартал се првите инидикации дека економијата заздравува.

139 (7) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 16:42 -> 04-Mar 17:16
.
.
.
.

11 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОМПАНИИТЕ Првата транша од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

  • Димитриеска-Кочоска: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

180 (5) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 15:11 -> 04-Mar 16:52
.
.
.
.

ЗМАИ: Субвенциите за зголемена плата да бидат таргетирани директно кон работниците, не кон компаниите

  • Виктор Митевски, директор на ЗМАИ: Со цел сите плати да растат, мора да зборуваме за поголема продуктивност

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.