АЛБАНИЈА ЌЕ ЈА ГРАДИ ПРУГАТА ДРАЧ – РОГОЖИНА Обезбеди 120,5 милиони евра преку европски банки и инвстициски грантови Стратешкиот проект предвидува рехабилитација, доизградба и електрификација на приближно 34 километри железничка пруга помеѓу пристанишниот град Драч и Рогожина во Албанија, вклучувајќи ја и реконструкцијата на објектите на железничките станици.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе го поткрепи градењето и електрификацијата на железничката линија Драч-Рогожина, дел од Коридорот 8, доделувајќи и на Албанија заем во висина од 30 милиони евра.