Милорад Додик, претседателот на Република Српска, официјално го загуби мандатот откако Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на неговиот адвокат против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ за одземање на неговиот мандат, пренесува Н1. Одлуката на Судот е конечна, објави судската институција на 18 август.