Граѓаните и студентите незадоволни од режимот на Вучиќ во Србија, почнаа да се собираат кај Правниот и техничкиот факултет на Универзитетот во Белград, непосредно пред 17 часот, од каде што ќе се упатат во групи кон Славија, каде што ќе се одржи протестната програма „Се гледаме на Видовден“, закажан за 18 часот, пишува Н1. Во пресрет на протестот, тие доставија два ултиматума до владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот на чаците во Пионирски парк. Frontline