Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителството, како и на државните безбедносни агенции.
Владата на Република Српска прогласи вонредна состојба пред изрекувањето на пресудата на претседателот на ентитетот, Милорад Додик, објавувајќи ја подготвеноста да ги преземе „сите неопходни мерки за заштита на институциите, имотот и интересите на граѓаните на РС“.
Во Судот на Босна и Херцеговина денеска завршни зборови на обвинителот и одбраната на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в.д. на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, кои се обвинети за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.