ЦРНА ГОРА ВОВЕДУВА СЕДУМЧАСОВНО РАБОТНО ВРЕМЕ Се водат преговори за финалната верзија на реформата Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на работата, која има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните и „повеќе време за семејството, но и поефикасна и попродуктивна работа“.
Facebook / Milojko Spajić Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“.