Од: А1он Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денес изјави дека нон-пејперот на Европската Комисија е важно предупредување, кое Владата треба сериозно да го сфати и да ја промени практиката, која е многу добро аргументирана, а која се однесува на одредени сегменти од поглавјата 23 и 24. Според него, нон-пејперот на Европската комисија, кој се однесува на напредокот на Црна Гора во областите на владеењето на правото, е важно предупредување кое доаѓа од Европската Унија (ЕУ) во, како што наведува, клучен момент во процесот на европска интеграција на Црна Гора.
Министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, денес во Подгорица потпишаа меморандум за разбирање помеѓу двете земји во областа на спортот.