Од: А1он Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денес изјави дека нон-пејперот на Европската Комисија е важно предупредување, кое Владата треба сериозно да го сфати и да ја промени практиката, која е многу добро аргументирана, а која се однесува на одредени сегменти од поглавјата 23 и 24. Според него, нон-пејперот на Европската комисија, кој се однесува на напредокот на Црна Гора во областите на владеењето на правото, е важно предупредување кое доаѓа од Европската Унија (ЕУ) во, како што наведува, клучен момент во процесот на европска интеграција на Црна Гора. A1on