Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека „суштината на обоената револуција“ е дека Србија мора да биде послаба во споредба со сите во регионот, како и тој да биде „неспособен претседател кој би клекнал пред сите што не ѝ посакуваат добро на Србија“, пренесуваат медиумите во соседството. Кајгана
Вучиќ рече дека денес не е случај Србија да е најслаба во регионот, иако е посиромашна од другите, туку дека од друга страна напредува побрзо од другите, „што никому не му одговара“.
„Тоа е една од причините зошто го прават тоа, бидејќи би сакале да имаат некомпетентен претседател кој би клекнал на колена пред сите оние кои не ѝ посакуваат добро на Србија“, рече Вучиќ. Кајгана