Најблиските соработници на кандидатот на Републиканската партија на денешните избори во САД, Доналд Трамп, сметаат дека исходот од изборите ќе го одреди излезноста, пренесува Си-Ен-Ен. „Тоа е она на што навистина се сведува и единственото нешто на што сме фокусирани во моментов“, изјави неименуван висок советник на Трамп за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека во рамките на кампањата на Трамп се смета дека ова е „најсилниот циклус што Трамп го има спроведено досега“, особено кога се гледаат истражувањата на јавното мислење од 2016 и 2020 година.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.
Доналд Трамп и Камала Харис, политички лидери на две целосно спротивставени концепции за идниот развој и лидерство на Америка, завршија со главните митинзи на едни од најразбрануваните и најдраматични претседателски кампањи во историјата на САД.
Победникот на денешните претседателски избори во САД би можел да биде одлучен според гласовите на жените ширум земјата, покажува анкетата спроведена од Си-Би-Ес Њуз.