И оваа година конференцијата има регионален карактер и е најголема досега – на истата ќе присуствуваат повеќе од 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини и невладини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Грција и Бугарија што ја прави уникатна и единствена во регионот.
Како дел од програмата ексклузивно ќе се презентираат клучните сознанија од анализата со наслов „Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година”, ќе се зборува и за предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, можностите за е-плаќање, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, и секако маркетингот и вештачката интелегенција во е трговијата Пред присутните гости свои поздравни обраќања ќе имаат Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, НЕ Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузната Република Германија во Македонија, Мариа Канелопулу, од Делегацијата на ЕУ во Македонија, како и Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија. Republika
Под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, денеска во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи седмото издание на Конференцијата за е-трговија. Nezavisen