Милијардерот и шеф на „Тесла“ и „Спејс Екс“, Илон Маск, ги негираше тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека консумирал толку многу кетамин што му се влошило здравјето, вклучително и проблеми со мокрењето.
3Илон Маск изјави дека ќе продолжи да доаѓа во Белата куќа и ќе остане пријател и советник на Доналд Трамп откако ја заврши својата работа во американската влада, каде што од јануари го предводеше Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ). На прошталната прес-конференција во Белата куќа, Маск доби од Трамп голем златен клуч во дрвена кутија, за кој претседателот кажа дека го дава само на специјални луѓе како благодарност од државата.-Ова не е крај на ДОГЕ, туку негов вистински почеток.
Милијардерот Илон Маск вчера во Белата куќа официјално се прости од својата улога како шеф на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), каде важеше за клучна фигура во политиката на кратење на трошоци во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.