Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, неодамна ја освои Златната топка, односно наградата за најдобар фудбалер во светот, која традиционално ја доделува магазинот France Football.
Сепак, нивниот избор предизвика многу полемики во светот, бидејќи голем дел од фудбалската јавност сметаше дека Винисиус требало да ја добие престижната награда пред Шпанецот.