Наместо прегледите на судиските одлуки да бидат надгледувани и контролирани само од службено лице што дејствува како видеопомошник-судија (ВАР), системот фудбалска видеоподдршка (ФВП) им дава можност на тренерите да побараат до две проверки по меч ако почувствуваат дека е направена грешка.
Воведувањето на ВАР беше револуционерна одлука во фудбалската историја, но во ФИФА очигледно не се најзадоволни од тоа како функционира системот во кој судиите од ВАР-собата одлучуваат дали главниот арбитар направил грешка, дали воопшто да го повикаат да го види инцидентот на повторена снимка или играта да продолжи.