Кошаркарите на Пелистер го запишаа и третиот пораз во групата Ц од АБА2-лигата, откако вечерва беа поразени од Џокер со 84-93. Битолчани имаа добар старт на мечот во Сомбор и ја добија првата четвртина со 30-26, а водството го чуваа до крајот на првото полувреме (53-49). Третата четвртина беше решавачка затоа што Пелистер постигна само девет поени, а прими дури 27 од Џокер и со тоа беше најавен нивниот пораз. Sport1
ЕКИПА во Сомбор, Стеван Цаневски Екипата на Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртото коло од АБА2 лигата откако загуби на гостувањето против Џокер со резултат 93-84. Повторно тренерот Петровиќ и неговите избраници имаат за што да жалат, ако се зна дека три четвртини беа не само достоен, туку и подобар ривал од српскиот тим, но тоа малку вреди поради кататрофалната трета четвртина што македонскиот тим ја загуби со убедливи 27-9, што на крајот го чинеше пораз. Ekipa