Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
8.06
8.47
0.97/0.45
4.00
1.13
0.28
284.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 32.2
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 32.2
Republika

За својата работа има освоено многубројни награди, меѓу кои: Наградата на РТВ Скопје и Струшките вечери на поезијата во 1966, 1975 и во 1978 година, наградата „Младо поколење“ (1978), Змаевата награда за 1983 г. за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 1983, 1998 и 2015, „Рациново признание“ за 2000 г. за „Адамовото ребро“, роман на годината на „Утрински весник“ за 2004 г. за „Куклите на Росица“, роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 г. за „Песот со тажен поглед“.

На промоцијата се обратија академик Катица Ќулавкова („Вежби за Ибн Пајко“), Јелена Лужина („Збогум Вано, Ванке…“), Никола Гелевски („Белиот чад“), Елизабета Баковска (поговор за „Куклите на Росица“), Гоце Смилевски („Пешаци по црни полиња“), Румена Бужаровска („Куќичка“), Владимир Мартиновски („Тромбот“), Калина Малеска („Адамовото ребро“), Владимир Јанковски („Лева комора“), а видеообраќање имаа: Кица Колбе (поговор кон „Тесна врата“) и Давор Стојановски („Песот со тажен поглед“). Модератор на настанот беше уредничката на едицијата, Оливера Ќорвезироска, која го напиша и поговорот за „Кадифената покривка“. Republika