Пратеничката од редовите на СДСМ, и поранешна директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска најави дека пратениците од редовите на СДСМ ќе поднесат закон зголемување на платите на работниците, без обврска за плаќање на придонесите.
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска денеска на пресконференција се обрати до јавноста околу поднесувањето на закон за покачување на платите до 15.000 денари за 400.000 работници: Прес конференција на СДСМ, Сања Лукаревска, пратеничка Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Се соочуваме со реален проблем – платите во Македонија се уште се ниски, а трошоците за живот постојано растат.